Skip to main content

Водата како извор на сила и енергија:

Водата, сепак, освен природниот, еколошкиот и социјалниот статус, се третира и како добро. Како добро претставува движечка сила и главна суровина за индустријата и суштински елемент за земјоделството и сточарството. Особено значење е дадено на хидролошкиот циклус или циклусот на вода (испарување и транспирација, кондензација, атмосферски врнежи, инфилтрација), што се должи на промената на енергијата од сончева во гравитациона, динамичка и кинетичка, со цел произведувањето на електрична енергија. Хидроенергијата, во моментов претставува најзрела примена на обновлив извор на енергија, со повеќекратни предности во споредба со конвенционалните форми,  колку економски толку и еколошки.

youtube video