Skip to main content

Водата е уникатен природен ресурс и е неопходен за опстанокот на човекот и другите организми. Познато е дека за човечкото тело е втората по важност супстанца после кислородот.  Освен тоа човечкото тело содржи околу 2/3 вода. Таа е, исто така, витален ресурс за екосистемите и ги покрива основните потреби на човечката популација.

Значењето на водата во однос на заштитата на екосистемите и воопшто на продолжувањето на животот на земјата лежи во фактот дека иако спаѓа во еден од обновливите ресурси кои се на располагање, таа всушност не е неисцрпна. Претставува клуч за развој на земјоделството, рибарството, енергетиката, индустријата, трговијата и туризмот, како и за создавање на важните елементи на животната средина. Заштитата на водата од прекумерната употреба и загадувањето, силно ги преокупира организациите за животната средина, општествените организации, влади и меѓународни организации. Така, и покрај третманот на вода како производ со економска вредност, современиот меѓународен законот вели: "Водата претставува наследство кое треба да биде заштитено и да добива соодветен третман" (Рамковна Директива на Заедницата за водата, 2000/60/ЕУ) додека "човековото право за вода" е основано од страна на Светската здравствена организација и  Обединетите Нации. Да не ги заборавиме исто така, извештаите на Конференцијата во Рио, 1992 (Agenta 21) дека водата е од суштинско значење во сите аспекти на животот и дека обезбедувањето на вода со добар квалитет за целото население на планетата треба да биде цел на сите држави - страни кој го потпишаа документот  на Конференцијата.

Како што животот без вода е невозможен, очекувана е идентификацијата на еволуцијата на историјата на човештвото, како и животот на самата планета, со истата. Од праисторијата водата беше точка  за почеток и културна референца, првите човечки населби се формираа околу езера или покрај бреговите на големите реки, додека големите цивилизации на античкото време се развиени во области со главна карактеристика на висок процент на обилни дождови. Објаснувањето на поврзаноста на водата со развојот на човековата цивилизација е едноставно, водата дава живот, го помага производството на храна, го овозможува превозот на стока и развојот на трговијата, а заедно со тоа ја развива соработка меѓу народите, преку размената на културни елементи.

Денес водата претставува уште поважен елемент за одржување на животот и човековата цивилизација, како што колку климатските промени толку и човековите интервенции во квалитативните и квантитативните карактеристики (загадување и експлоатирање) го прави користењето на водата опасно, ограничувајќи ги изворите на вода за пиење. Одржување на добариот квалитет на водните ресурси е заедничка цел на земјите на светско ниво. Во тој контекст на заштита на водите формирани се и вредностите на соработката меѓу народите за управување со заедничките водни ресурси во погранични региони. Ова партнерство, исто така, претставува нова надеж за подобрување на податоците на животната средина на заедничките водни ресурси и нивното постанок како место за поврзаност помеѓу елементите на животната средина од една страна и културните елементи на земјите од друга страна.

youtube video