Skip to main content

Големото историско наследство на Воден и културни мешања кои ги претрпи градот - потсетува дека Воден бил освоен од римјаните, словените, отоманците и византијците - и значајното влијание на природната средина, со доминантен елемент моќтта на водата на регионот, ја менуваа културната средина во регионот. Во Воден среќаваме традиции и обичаи кои имаат свои корени од античко време и се поврзуваат колку со промените низ годините и со елементот на водата, толку и со религијата. Исто така, водата е симбол на очистување на душите на верните и е поврзан со сите големи фестивали на христијанството.

Дионизиски обреди, обожувањaта со цел смирување на деструктивната моќ на водата, но и традиции поврзани со земјоделското производство се чуваат до ден денес во Воден. Обичаите и традициите во подрачјето се следат и се прилагодуваат на четирите сезони, во зависност од расположливите природни ресурси и земјоделското производство.

Годината започнува со прославата на Водици во регионот Ќупри во ледените води на реката Едесеос. Следи Воденскиот карневал кој ги има своите корени уште од старите времиња со "Бабарите" и "Клопотарите". Прославата на карневалот во Воден е поврзан со промената на годишното време, од зима во пролет, младите луѓе од регионот облечени во животински кожи, претставувајќи ги мечките и носејќи клопотарци прават врева за да ја разбудат пролетта. Во неделата на прочка се слави, исто така, обичајот "Амкаска", кој го отвора и затвора Велигденкиот период, каде што младите деца на семејството се обидува да го фатат со нивните усти јајцето што е врзано со конец на дрвен стап. Се вели дека "устата се затвора со јајцето и го отвора со јајцето Велигденот (црвени јајца)", што го симболизира период на постење.

Секој втор ден на Мај, беше "Црниот Ден" во регионот на Воден, посветен на изобилството и на плодноста на земјата каде вода е главниот елемент на фестивалот како "света вода". Пролетната сезона беше и е многу важна за регионот на Воден. Тогаш започнуваат прославите на пролетта и на црешата кои траат сé до летото, кога започнуваат подготовките на гроздоберот. За време на летниот период, исто така, кога има суша во Воден се организира повикување на дожд со обичајот "Додола" со кружењето на едно страшило и со желбите на сите да дојде скапоцениот дожд.

Во поширокиот регион на Воден, од крајот на Октомври до средината на Декември функционираат традиционалните казани кои ја подготвуваат "свежата вода", ракијата, со кулминација на Фестивалот на Ракијата во почетокот на Ноември во придружба на традиционална прослава. Во културниот живот на античкиот Воден посебно место имаше "Свињата Пријател Секому"  едно мало свинче, можеби, првиот културен турист на историјата, кој ја посети областа за да присуствува на една дионизиска прослава. Од тоа време свињата се поврзува со локалната гастрономска традиција. Малку пред Божик во текот на постот, жителите ја колат свињата користејќи го секој дел од неа, и ги прават "Џимиринќите" (локално мезе).

Менување на рамноденицара од летната во зимската краткоденица, исто така, претставува обичај од античките времиња. Во Воден го пеат Коледе Бабо кое се прославува со палење на огнот и го заживуваат обичајот на мечките. Младите облечени како мечки танцуваат и јадат што симболизира подготовката на мечкат за хибернација и будење за прославата на карневалот. Прославите на Божиќ и Нова Година, се поврзуваат, исто така, со локални кулинарски традиции и локалните производи (сушено овошје, свинско месо со сусамово масло, итн.), да се започне одново новиот циклус на годишните времиња и заживување на традицијата со прославата на Водици.

youtube video