Skip to main content

Водата не само што место каде што настанал животот на Земјата, туку отсекогаш била клучен елемент во опстанокот на цивилизациите. Уште во најстарите времиња во стариот Египет, Месопотамија како држава на Инките, човекот го увидел огромното значење на водата и се населувал во нејзина непосредна близина. Најстарите познати бунари потекнуваат од Месопотамија, околу 4.000 години п.н.е., а првата водоводна мрежа била изградена во Ерусалим за време на Соломон, пред околу 1000 години п.н.е.. Во стариот Рим водоводната канализациона мрежа била многу развиена. Водата уште од дамнешни времиња се смета за света течност, била симбол на прочистување и општ двигател.

Вкупната количина вода на планетата Земја, вклучувајќи ги и подземните води и водената пареа во атмосферата се проценува на околу 160 милиони кубни километри. Еден кубен километар содржи милијарда кубни метри односно илјада милијарди литри! Меѓутоа и покрај изобилството вода на нашата “ плава “ Планета за задоволување на сопствените биолошки и технолошки потреби на човекот му е достапен само многу мал дел. Имено, дури 97% од водата се наоѓа во океаните и солените мориња, околу 2% е замрзната во поларните ледени капи и глечери, така што во облик на достапна, слатка вода постои околу 1,5 милиони милијарди кубни метри во водотеците и во подземните води. Научниците се поагресивно потенцираат дека недостатокот на употреблива вода може да стане ограничувачки фактор на животот и производството. Во многу светски градови водата се пие само флаширана, а околу половина од човештвото оскудува за вода. Уште денес со право се поставува прашањето како во иднина да се обезбеди за човекот, животните и растенијата доволно квалитетна вода?

youtube video