Skip to main content

Моќта на водата од водопадите на Воден, се користи не само за создавање на посебна геофизичка животната средина, но, исто така, и за развојот на занаетчискиот сектор и индустријата. Од античките времиња жителите на регионот ги преработуваа земјоделските производи и ја искористуваа енергијата на движење на водата во реката Едесеос со античките воденици, обезбедувајќи ја својата храна, но истовремено и развивајќи се во индустријата за текстил, свила и др. Во областа на водопадите се организираа првите хидраулични објекти за индустрија, мелници, млинови за сусам, валајци и кожари.

Во областа на мелниците, забележано денес како историско место, реновирани се зградите на индустриската зона на Воден создавајќи отворен музеј на вода, со посебна културна, историска и туристичка вредност за градот. Таму ќе најдеме класифицирани историски заштитени споменици, како што е мелницата Салабаси, уникатен примерок на кружен камен со вертикално движење обновена од надвор. Деновиве работи како образовен центар за животна средина со важна улога во образовниот процес, која што ги поттикнува учениците за прашања од животната средина. На приземјето на камената зграда, постојат три пара на мелнички камења, оригиналниот голем дрвен сад, машина која го чисти брашното, машина за перење, ленти за пренос и инката во кој се празнат вреќите. Веднаш до неа е фабриката за штавење поранешна сопственост на Караникола, една од 6-те споменици на Областа на мелниците. Тоа е една првоформирана зграда за фабрика, особено важна за проучување на еволуцијата на архитектурата. Кожарите обично се граделе во крајбрежните области или во области каде што има многу вода, што е од суштинско значење за третманот на кожата. Денес во неа се сместени активностите на образовниот центар за животната средина во Воден, еден од најактивните и најдинамичните центри во државата.

Во отворениот музеј на вода ја среќаваме, исто така, воденицата Јанакис,  која што е карактеристична е по убавите бразди кои ја носат водата до воденицата која што се движи со помош на "крилјата" за мелење на житото. Денес мелницата служи како Аквариум за рептили. Во истата област го наоѓаме млинот за сусам Перцемли кој, исто така, е реновиран и сега служи како интерактивен простор (млин на вкусови), каде што посетителите можат да дојдат во контакт со процесот на производство на производите од сусам и да се информираат за локални производи  на Воден, но млинот за сусам Ардиѕоглу (млинот на водата и 5-те човечки сетила), каде што обновено е хоризонталното метално тркало кое ги движи камењата и останатите делови. Во отворениот музеј на вода, ќе најдеме уште и отворено кино и трговски и уметнички центар. Музејот претставува еден добро опремен простор каде што посетителите го доживуваат процесот на производство од друга ера преку градбите во областа и преку мрежните коридори за движење на водата и луѓето.

За крај, зградата на производство на коноп го надополнува објектот на музејот. Зградата се наоѓа на најниското ниво од останатите и може да се стигне до него или со лифт или преку камени патеки. Конопарата е една водо-придвижувана текстилна фабрика која произведува јажиња и канапи од индиски коноп. Се состои од повторливи градежни блокови со двојни дрвени покриви кои форимираат триаголници и има големи прозорци со горни полукружни греди. Во зградата се разликуваат одделот за пакување, одделот за чување на суровините, одделот за производство и одделот за работилница и просторијата за котел.

Повторната употреба и реставрацијата на работилниците и фабриките на вода од оваа Област на воденици во Воден е многу важна иницијатива на градот за да се промовираат уникатените прото споменици и да ја зачуваат својата историја.

youtube video